Штета, на два тикети промашен по еден пар поради што останаа без добивка од 10.000 евра со уплатени 70 денари

Обложувачи во Sport Life вчера немаа среќа за да добијат околу 10.000 евра на два тикети со вкупна уплата од 70 денари. И на двата тикети, само еден натпревар е промашен, а во двата случаи играта била на голови.

На едниот тикет што е уплатен во попладневите часови во објект на Sport Life во Гостивар, промашен е натпреварот од втората холандска лига меѓу Де Графшап и Ос.

 

Типувано е дека во првото полувреме ќе има најмалку два гола, а на целиот натпревар ќе бидат постигнати најмалку четири гола. Средбата што се играше вчера од 20 часот, заврши со триумф на домаќините од 2:0. На полувреме беше 1:0, а во вториот дел беше постигнат само еден гол и обложувачот остана без добивка од 258.099 денари за уплата од 20 денари.

Вториот тикет е уплатен во Скопје вчера вечер и се играни натпревари во лигите во Ирска и Велс, а вкупниот коефициент изнесува 7.210 на уплата на 50 денари. Несреќниот обложувач остана без добивка од 337.095 денари.

За обложувачот кобен беше дуелот меѓу Финс Харпс и УЦД кој заврши 1:3. Обложувачот немаше среќа за само еден гол, бидејќи играше дека домаќинот ќе постигне два гола во првото полувреме, а резултатот по 45 минути игра беше 1:1 и го остави без голема добивка.

- Оглас -

Најнови вести