Штета, ни два гола во мрежата на Романците не беше доволно Македонија да освои бод

Како ретко кога, македонската фудбалска репрезентација загуби натпревар на кој постигнала два гола. Тоа се случи вечерва против гостувањето кај Романија, на почетокот на квалификациите за СП 2022.

Романците ги користеа своите шанси и водеа со комотни 2-0 на десет минути до крај, а тогаш почна пеколниот финиш. Адеми погоди со глава за 2-1 по нафрлувањето на Алиоски, само 84 секунди подоцна Трајковски реализираше за 2-2 по одлична асистенција на Барди, но за жал, во 86-та минута, Хаџи со неговиот прв гол за репрезентацијата, им донесе победа на Романците.

После овој пораз, можеби првото место во групата е недостижно, но нашите фудбалери ќе водат борба за втората позиција која води во бараж за Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести