Штета што „бомбата“ на Алиоски не ја искина мрежата на Полска (видео)

Македонија по првите 45 минути на гостувањето кај Полска го држи резултатот на 0-0. Домаќините беа поопасни, но и нашите репрезентативци се најдоа во ситуација да се заканат.

Едниствениот шут во рамките од голот на Шчезни го испрати Езџан Алиоски во 36-тата минута. Од околу 30 метри далечина, Алиоски изведе одличен слободен удар, но неговата „бомба“ беше спречена од голманот на Јувентус. Вистинска штета, ќе беше спектакуларен погодок.

- Оглас -

Најнови вести