Штета што нема обложување – Белорусинките растураат со голови

Белорусинките на многу атрактивен начин го почнаа новото првенство, а ниту пандемија со Ковид-19 не им пречи да приредат вистинска голеада на стартните два меча.

Вчера во премиерниот меч фудбалерките на Динамо Минск ја декласираа селекцијата на Белорусија за играчи до 19 години со 7:0 и најавија поход на титулата, а денеска уште поефикасни беа нивните градски ривалки.

Седумкратниот шампион по ред, екипата на ФК Минск со 10:0 го декласира Дњепар Могилев, со што придонесе Белорусинките да имаат летечки старт на шампионатот со вкупно 17 голови на два меча.

Интересно е што и на двата натпревари на полувремето резултатот беше идентичен по 5:0, а коа фудбалерките на Динамо малку и подзапреа и победија со 7:0, нивните главни конкурентки од ФЦ Минск денеска постигнаа уште пет гола во второто полувреме.

ФЦ Минск е втората најтрофејна екипа во Белорусија во женска конкуренција, а сите титули ги освои од 2013 година наваму, односно има 7 титули по ред.

Најтрофеен клуб е Бабрујчанка со 12 титули во досегашните 29 првенства на Белорусија во женска конкуренција. Тие ќе го почнат новото првенство утре со меч на домашен терен против Неман.

- Оглас -

Најнови вести