Штета што се играше без публика – Армани скрои победа по продолженија во Валенсија (Видео)

Евролигата понуди нов драматичен меч, а штета што немаше публика во Валенсија да проследи нов трилер-меч, што го доби Армани Милано со 83:81 по едно продолжение.

Гостите од Италија приредија мал подвиг и негативата од 71:76 само на една минута и 27 секунди до крајот на продолжението ја преточија во триумф од 83:81.

Се разигра шпанскиот репрезентативец Серхио Родригес, кој постигна 7 поени во финишот и помогна Армани да скрои вредна победа што ги остава во игра за пробив до Топ-8.

Родригес, кој утна тројка за победа во регуларниот дел беше најефикасен кошаркар на гостите со 16 поени, а зад него е Владимир Мицов со 13. Српскиот кошаркар ја постигна клучната тројка за победа на гостите на една секунда до крајот на продолжението.

Кај Валенсија и на мечот најмногу поени постигна Алберто Абалде, 21, а Бојан Дубљевиќ беше втор стрелец со 19 поени.

Двете екипи сега имаат по 12 победи и 16 порази, колку што има и осмопласираниот Химки.

- Оглас -

Најнови вести