Бока јуниорс и Ривер плејт ги поделија бодовите во дербито кое заврши со 2-2 во рамките на четвртото коло во Купот Диего Марадона. Лутите ривали приредија спектал на „Ла Бомбонера“, која беше празна и токму тој сјај кој го носат навивачите беше единственото нешто што недостасуваше.
Бока рано поведе преку Абила во 10-тата минута, но домаќините си ја отежнаа работата кога Кампуцано заработи втор жолт картон во 58-та минута. Тоа беше знак дека Ривер може да се врати во мечот, па и да го освои целиот плен. Во период од три минути Гироти и Боре погодија по еднаш за пресврт од 2-1 во корист на гостите, па набрзо и тие останаа со 10 играчи на теренот.
По исклучувањето на Перес, Бока најде начин како да избегне пораз и во 86-тата минута израмни преку Вилја.