Штета за Бојан, Миовски попладнево нема да игра против Барселона

Бојан Миовски не е во составот на Жирона за каталонското дерби против Барселона и за жал македонскиот голгетер нема да биде во можност за првпат да заигра против лидерот на табелата во Ла Лига.

Миовски и есеноска не влезе во игра кога Барса ја порази Жирона со 4-1, но тогаш беше на клупата за резерви, додека попладнево на „Монжуик“ ќе го нема ни на клупа.

Штипјанецот имал болки во коленото предизвикани од настапот за репрезентацијата на средбата со Велс, и затоа доби поштеда од тренерот Мичел, и нема да може да им помогне на тимските колеги на ова тешко гостување против гигантот. Штета, затоа што беше во форма, даваше гол против Лихтенштајн и Велс и да не беше повредата, веројатно ќе добиеше шанса да за игра ваков важен меч за Жирона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести