Австриски Кремс со 33-25 го победи Тиквеш, со што македонскиот претставник во ракометниот ЕХФ куп е елиминиран. Првиот меч во Кавадарци, Лозарите го добија со четири голови разлика, но тоа се покажа како недоволно.
Кремс беше подобар, постојано ја зголемуваше предноста, двете полувремиња ги доби со по четири гола разлика, и на крај победи со плус осум, повеќе од доволно за пласман во следата фаза (16-финале).
Атанасовски, Симиќ и Мајиќ со по 5 голови, беа најефикасни кај Тиквеш вечерва.