Новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип полека го добива планираниот изглед.
Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, ВИП ложа и ресторан.
Во поттрибинскиот простор ќе има соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Од ФФМ порачаа: „Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата. Ја менуваме сликата на стадионите!“