Штип има ракометен експерт – Само со минуси на Мундијалот дојде до голем плус и ќар од двапати по 100.000 денари (Фото)

Штипјанецот Дарко Шпиртов е ракометниот експерт во наградната игра на Sport Life „Експерт за ракомет“ што беше организирана за време на Мундијалот во Полска и Шведска, а победи со убедливо највисок коефициент од 2.358.73.

Дарко имаше одлична стратегија и погоди дури 14-мина ракометари со игра минус голови, што му донесе и добитен тикет од малку над 100.000 денари за уплата од 50 денари, а ќарот се удвои и со главната награда од 100.000 денари како најдобар ракометен експерт во играта на Sport Life.

Зад него како втор со тикет што има вкупна квота од 354,44 заврши Филип Г. со подарок од 1.000.000 СЛ маркет поени, а за третопласираниот Бојан В. со погоден вкупен коефициент од 341,11 наградата е 500.000 СЛ поени.

Дарко е главната ѕвезда во мундијалската акција на Sport Life што беше организирана во јануари, а веднаш изненади со најавата во приказната за тоа како стана „Експерт за ракомет“.

„Тикетот го направив на интуиција и го проверив дури кога завршија натпреварите. Сакам без нервоза, откако ќе завршат натпреварите да ги проверам и да се обидам да дојдам до добивка и сега тоа и ми успеа.

Убаво е чувството кога ќе го провериш кодот на тикетот на интернет-страницата на Sport Life и ќе светне зелено дека е погоден.

Искрено поинтензивно следам меѓународен ракомет од 2018 година, а секако исклучок е репрезентацијата на Македонија и нашите натпревари не ги пропуштам“, вели Шпиртов за погодениот тикет со 14-мина ракометари, сите одиграни на минус голови.

Или, со игра на минус до одличен плус, а му беа исплатени 100.000 денари нето за погодениот тикет и уште толку за првото место во акцијата на Sport Life наречена „Експерт за ракомет“.

„Ова ми се и најголеми добивки досега. Имало по 50-60 илјади денари, но тоа беше одамна. Ми дојдоа како порачани во првиот месец од Новата година, за кој се вели дека е најтежок за преживување во календарската година. Се надевам дека ќе има уште вакви акции и добивки“, додава Дарко.

Иницијална каписла за играта на голови на ракометното Светско првенство му се хокејските натпревари, а има поврзаност, иако двата спорта се навидум сосема различни.

„Во еден период почнав да игра на плус и минус голови на хокеј и успеав да дојдам до неколку скромни добивки. И сега пред стартот на Светското првенство во ракомет одлучив да играм само на плус и минус, и тоа претежно на ракометари, што се покажа како добитна комбинација.

Имав уште некој тикет со по една утка, па добивав ваучери од Sport Life, а за моја среќ,а го погодив долгиот тикет со 14-мина ракометари со уплата од 50 денари“, раскажа ракометниот експерт од Штип.

Ги пофали Специјалите на Sport Life во сите спортови и вели дека се вистински погодок на обложувалницата бидејќи нудат игри што не се стандардни и секојдневни.

„Да, супер се во сите спортови и ја збогатуваат понудата. Со Специјален сингл во Sport Life имате можност да се обложувате на многу игри што не се во редовната понуда и тоа е одлично што се шири лепезата на игри и целата понуда“, вели добитникот на 200.000 денари за време на ракометното Светско првенство.

Вели дека ја следи Македонија, односно нашите репрезентации во сите спортови и, секако, навива за успеси и настапи на големите натпреварувања, а спорт број 1 за него е фудбалот.

„Најчесто играм на фудбалски натпревари и тоа редовно на игра со големи квоти, 2-1 и 1-2. Знам да одиграм по два такви натпревари, каде што се бара пресврт, а често играм и системи со истата игра.  Ако се погоди, да се погоди со големи коефициенти, а тука најчесто се од 25 до 30“, ја заврши својата приказна Дарко Шпиртов, актуелниот „Експерт за ракомет“ во акцијата на Sport Life што траеше за време на Мундијалот во Полска и Шведска.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести