Свети Никола ќе беше и тоа како мрсен празник за штипјанец кој чекаше бруто добивка од 1 милион денари, но остана без милионот поради два гола.
Од 13-те парови на тикетот кој го уплатил во Sport Life, точно го прогнозирал исходот на 12, а падна само на ДВТК Диошѓер – Ференцварош каде типувал ГГ и 3+, а средбата заврши со победа на гостите од 1-0. За милион му требаа уште по еден гол во двете мрежи.
Освен што ќе станеше милионер со уплата од само 100 денари, тој ќе имаше и добитна квота од 10.464, што речиси сигирно ќе го направеше победник и во Среќна 13-ка за декември и тоа ќе му донесеше уште плус 120.000 денари во случај на прво место.


