6.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Штипјанецот Мијалков стана европски првак во мотоциклизам

Македонија доби нов европски шампион во мотоциклизам, станува збор за Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат.

Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мотоспорт, а во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде што љубителите на мотоциклизмот го поздравија и му оддадоа признание за успехот.

Минатиот месец, по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, Петар Мијалков доби и специјална награда и признание од градоначалникот Иван Јорданов и од Градот Штип како благодарност за огромниот придонес и промоција на градот на меѓународната спортска сцена.

Мијалков активно се натпреварува само три години, но веќе има завидни резултати. Во втората натпреварувачка година (2024) ја освојува својата прва голема титула – БМУ Европски вицешампион и државен шампион на Македонија, а годинава неговиот талент и труд кулминираат: Петар е на самиот врв и на БМУ Европскиот шампионат и на државниот шампионат за 2025 година.

Петар е семеен човек, во брак е три години со сопругата Стефанија, татко е на синот Драган, а и малиот Драган присуствува на трките.

- Оглас -

Најнови вести