Штипска Брегалница со 1-0 го победи Кожуф, и со 17 бодови од седум кола, повторно е на чело на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Веднаш под Брегалница со по 16 бодови се Македонија Ѓорче Петров и Башкими, кои денеска истотака играа дома и победија против Осогово со 2-0 односно Победа со 3-1. Во ова седмо коло, на ниту еден меч не победија гостите.