Штипска Брегалница даде 22 гола и постави клупски рекорд

Победата на Брегалница над Ново Црнилиште од 22-0 е клупски рекорд во историјата на Сините. Ова беше натпревар од 16-финалето во Купот на Македонија. Досега највисоката победа им беше 18-0 против Младост Муртино во 2002 година, кога гостите беа разбиени со 18-0.

Ново Црнилиште е тим од село во близина на Прилеп. Околу 1.000 гледачи видоа шоу и дури 22 гола. Најефикасен беше Мартин Стојанов со пет голови, па Мичковски и Настевски дадоа по 4, Велинов три, Гуцов 2, а Османовски, Манев, Д. Стојанов и Георгиев по еден.

- Оглас -

Најнови вести