Што би му досудиле на Бензема, играше со рака или со рамо? (Фото+Видео)

Жестока дебата се води на социјалните мрежи дали голот што Карим Бензема го постигна за предност од 2:0 на Реал Мадрид против Реал Сосиедад е регуларен или требаше да биде поништен.

Во 70-тата минута францускиот ас ја дуплираше предноста на гостите од Мадрид, а дилемата е дали при смирувањето на топката, играше со рамо или со рака? По прегледувањето на спорната ситуација и консултацијата со ВАР-системот, судијата Фернандес го призна голот на Бензема.

https://twitter.com/Flore_Cliff/status/1274825166992834561?s=20

Дополнително страстите се вжештија бидејќи само една минута претходно на Андан Јанузај му беше поништен гол за израмнување, а причина беше неговиот соиграч Мерино, кој се најде на линијата по која се движеше топката до голот на Куртоа.

И тука имаше консултации со ВАР, а објаснувањето е дека Мерино, кој не ја допре топката по ударот на Јанузај, му пречел на Куртоа.

Слични примери на вакви голови што се поништени имало и претходно, па судиите од ВАР-собата му сугерираа на Фернадес да го поништи голот за 1:1.

https://www.youtube.com/watch?v=Ghegb1T1BTE

Реал Мадрид победи со 2:1 и сега е лидер на табелата во Ла Лига со 65 бода, колку што има и Барселона. До крајот на шампионатот има уште 8 кола, а Реал ќе биде првак ако двете екипи останат израмнети и по последното 38-мо коло поради подобриот меѓусебен скор со вечниот ривал. Реал ја победи Басрелона со 2:0 на домашен терен, а претходно ремизираше без голови на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести