Што е чудно во овој меч? Тим кој ќе игра во Европа, дома е аутсајдер против екипа која се бори за опстанок

Во српското првенство вчера и денеска се играат мечевите од 35-тото коло, по што ќе останат уште три кола до крајот. Иако има уште многу бодови во игра, уште од сега е јасно кои се екипите што ќе ја преставуваат Србија во европските купови за следната сезона.

Црвена ѕвезда ја прослави шампионската титула (има 98 бодови), Партизан е сигурно втор со 86 бодови, додека Чукарички и Војводина се на третото и четвртото место без шанси да бидат загрозени од петтопласираниот Радник, па ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа.

За разлика од врвот на табелата, во долниот дел ситуацијата е многу покомплицирана. Дури шест екипи треба да испаднат, а веќе се знае дека шанси за спас нема за Бачка, Мачва и Златибор, а пред испаѓање е и Инџија. За избегнување на останатите две места кои ќе носат испаѓање ќе зе води голема битка.

Рад (42 бода), Нови Пазар (42), Раднички Ниш (43), Пролетер (44), Вождовац (44), Јавор (45), па дури и Напредак (47) и Спартак (47) може да се преселат во втората лига. Во една таква ситуација, секој бод за овие екипи е „злато“ вреден.

Од денешните пет меча во српското првенство, посебно внимание привлекува дуелот во Нови Сад каде Војводина ќе го пречека Раднички Ниш. Војводина е тим кој дома има 13 победи во 17 средби, а Раднички има само 4 триумфи на 17 гостувања сезонава, но коефициентите покажуваат дека гостите се ФАВОРИТИ за победа!?

Единствената логика за тоа дека на Војводина едноставно „не ѝ се потребни“ бодовите, додека гостите грчевито се борат за опстанок, па мора по секоја цена да победат, дури и да е тоа на теренот каде што домаќинот ретко губи бодови. Дека кај Војводина не постои и некој посебен мотив да игра, покажува и фактот дека има три порази во последните пет кола во првенството.

Ситуацијата на табелата вели дека Војводина треба да биде голем фаворит против Раднички Ниш, но коефициентите за победа се на страната на аутсајдерот, па ќе биде интересно да се види како ќе заврши овој меч кој се игра од 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести