Што е подобро? Ел Команданте од Леванте дриблаше како Меси, Тер Штеген му поништи гол за „Пушкаш“ (Видео)

Леванте имаше голема шанса да поведе против Барселона во првото полувреме, а продорот на капитенот Хосе Моралес во 28-мата минута не донесе гол што ќе конкурираше за наградата „Пушкаш“.

Ппуларниот Ел Команданте тргна во акција од 40тина метри и успеа да ја предрибла одбраната на Барселона во импресивен соло-продор и кога остана сам пред Марк-Андре тер Штеген не успеа да погоди благодарение на извонредната интервенција на голманот на гостите.

Тер Штеген реагираше фантастично и со прекрасен рефлекс го одбрани ударот на Моралес од 6-7 метри.

Продорот на капитенот на Леванте и одбраната на Тер Штеген можете да ги погледнете ОВДЕ.

По еден час игра на „Сиудад де Валенсија“ резултатот е 1:1, а голот за домаќините го постигна токму Моралес од пенал во 52-рата минута.

Леванте имаше уште една голема шанса за 2:0, но Роџер Марти го промаши вториот пенал за домаќините во 56-тата минута, а тоа го казни Пјер-Емерик Обамејанг со гол за израмнување во 59-тата минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести