Што е со стрелците во ЛШ?

Досега се одиграа шест меча од осминафиналето на Лигата на шампионите, а заедничко за сите е што секаде резултатот на полувреме беше оној најнепопуларниот, 0-0.

Серијата тргна со дуелите Рома – Порто и Манчестер јунајтед – ПСЖ, ја продолжија Тотенхем – Борусија Дортмунд и Ајакс – Реал Мадрид, а синоќа Лион – Барселона и Ливерпул – Баерн не само што не дадоа гол во првите 45 минути, туку и по 90 минути игра мрежите останаа незастресени.

Што се случува со тимовите во првите полувремиња, тешко е да се каже. Веројатно постои страв од примен гол, респект кон противникот, притисок и сето тоа придонесува за очајната ефикасност.

Вечерва играат Атлетико – Јувентус и Шалке – Манчестер сити, па можеби тие ќе го обелат образот на најсилното натпреварување во Европа и нема да бидат робови на тактизирање во првите полувремиња. Ако и на тие два меча биде 0-0, првпат во историјата на ЛШ ќе има ваква ситуација (на сите осум меча да биде без голови по првиот дел) во осминафиналната рунда и којзнае дали некогаш би се повторила.

- Оглас -

Најнови вести