Што е судбина: Марадона играше хуманитарен меч за да му го спаси животот, а 37 години подоцна тој е уапсен поради продажба на кокаин (ВИДЕО)

Момчето поради кое Диего Марадона го организира познатиот „натпревар во блато“ за да собере пари за лекување на Лука Куарто, 37 години подоцна е уапсен од италијанската полиција поради продавање кокаин.

На почетокот од 1985 година, Марадона, кој во тоа време беше најголема фудбалска ѕвезда и играше за Наполи, слушна за едногодишно дете кое беше тешко болно и за кое беа потребни пари за лекување. „Ел Пибе“ не знаеше за кого станува збор, ниту ги познаваше неговите родители и роднини, но одлучи да му помогне и да му обезбеди средства за скапата операција.

Веднаш одлучи да организира хуманитарен натпревар во кој ќе игра Наполи со локалниот клуб од местото на момчето. Сепак, работите не оделе сè според планираното бидејќи управата на Наполи не дозволила натпреварот да се игра на „Сан Паоло“.

 

Марадона лут поради неразбирањето на челниците на клубот, ги собрал соиграчите од клубот и договорил натпреварот да се игра на мал терен во Ачера во близина на Неапол. Аргентинецот презел на свој трошок да го организира натпреварот и на 25 јануари 1985 година пред 10.000 локални жители Марадона и фудбалерите на Наполи играа во познатиот „меч на блато“ за бебето Лука.

Благодарение на неговиот ангажман, биле собрани неопходните тогашни 20 милиони лири за операција на Лука Куерто, која била успешна.
Но, 37 години подоцна, Лука Куерто повторно се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност. Имено, тој е уапсен од италијанската полиција поради продажба на кокаин. Во неговиот дом во Римини полицијата пронашла 50 грама кокаин и 5.000 евра во кеш. Кривичната постапка е во тек, а за 24 октомври е закажано првото судско рочиште. Дотогаш Лука ќе биде во домашен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести