Што е заедничко за Меси и Халанд кога даваа по пет гола во нокаут-фазата во ЛШ – Гвардиола

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, вечерва уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, даде дури пет гола во убедливата победа од 7:0 на неговиот Манчестер сити над Лајпциг.

Норвежанецот постави неколку рекорди вечерва, а неверојатно делува податокот дека само тој и Лионел Меси дале пет гола на натпревар од нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Меси тоа го направи во 2012 година како играч на Барселона во дуелот со Баер Леверкузен (7:1), и тоа во осминафиналето во ЛШ.

Неверојатните достигнувања на Меси од 2012 година и на Халанд од вечерва имаат нешто заедничко, тоа е Хосеп Гвардиола.

Гвардиола е актуелен менаџер на Манчестер сити, а исто така седеше на клупата на Барселона кога Меси му даде пет гола на Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести