Што ги мачи Англичаните? Гордиот албион е со наведната глава во нокаут фазите на ЕП

Англиските медиуми се обидуваат да ја спуштат топката пред големата пресметка со Германија на „Вембли“ во Лондон на 29. јуни и потсетија на неверојатно лошиот учинок на нивната репрезентација во нокаут фазите на Европските првентства.

Оптимизмот е голем кај Англичаните, кои очекуваат победа против трикратниот европски првак Германија, иако играат против најтрофејната нација на Стариот континент, а самите немаат ниту една титула.

Досега Гордиот Албион настапи во 15 квалификациски циклуси и на пет од нив не успеаја да се пласираат на Европското првенство.

На едно воопшто не учествуваа, едно беше со само четири репрезентации, па останува податокот дека Англија играше деветпати на ЕП, по овој, или сличен формат со фаза по групи.

Четрипати испаѓаа во првата фаза, односно не успеваа да ја минат групата, а од петте во кои беа во нокаут фазата, само еднаш успеаја да слават и тоа во 1996 година, против Шпанија на пенали и потоа испаднаа токму од Германија.

Или сумарно од 1960 година кога се играше првото ЕП до денеска, само еднаш победија во нокаут фаза, не сметајќи го дуелот со поранешниот СССР кого го надиграа со 2:0 во 1968 година во битката за третото место. Тогаш не се играа елиминациски нокаут дуели.

 

Германија е трикратен европски првак и е најусшешната фудбалска нација според титулите на Стариот континент, заедно со Шпанија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести