Што го шокира Саул Нигез на мечевите во Бундеслигата?

Саул Нигез вели дека натпреварите без публика за него се прифатливи, кога веќе мора да се игра во такви услови за да не дојде до зараза со Коронавирус, но вели дека е шокиран од едно друго правило.

„Гледав Бундеслига и ми делува многу разочарувачки кога играчите не смеат да се радуваат заедно на головите. Допир со лакти и со копачките за мене е чудно. Не сум навикнат, дури ми беше смешно, но натпреварите во Бундеслигата се еден вид тренинг за сите нас останати кои допрва треба да се вратиме на терен. Ќе ми биде чудно, но ќе се потрудам да се прилагодам“, вели шпанскиот репрезентативец од редовите на Атлетико Мадрид.

Повеќе од два месеци трае прекинот во Ла Лига поради пандемијата со Коронавирус, а Шпанците најавија кам-бек за 12. јуни. Клубовите почнаа со групни тренинзи кои служат како подготовки во пресрет на рестартот.

На 12. јуни ќе се игра големото градско дерби меѓу Севилја и Бетис, кои ќе ја имаат честа да го означат продолжението на сезоната по пауза од цели три месеци.

На 13. и 14. јуни ќе се доигра 28. коло, додека целосниот распоред и сатниците на натпреварите ќе бидат познат на 28 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести