Што и да се случи во Катар, по Мундијалот си оди Дешамп, нов француски селектор ќе биде Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и легенда на францускиот и светскиот фудбал, Зинедин Зидан, ќе го преземе селекторското место во француската репрезентација по Мундијалот во Катар.

Ова го најавуваат повеќе медиуми, во кои се тврди дека актуелниот селектор Дидие Дешамп, кому договорот му истекува во декември, сигурно нема да му биде продолжен дури и ако Франција повторно биде светски шампион.

Зидан неодамна најави дека наскоро ќе се врати на тренерската работа, имаше шпекулации дека може да седне на клупата на Јувентус, но и сам кажува дека негов сон е да биде француски селектор.

На клупска сцена имаше многу успеси, со Реал Мадрид рекордни три сезони по ред беше освојувач на Лигата на шампионите, па предизвик му е да работи со националниот тим на својата земја. Како играч, Зидан настапи на две финалиња на СП, во 1998 година го освои, а во 2006 загуби.

- Оглас -

Најнови вести