Се одбројува до првиот меч на Македонија на Европското првенство во фудбал. На 13 јуни, нашата репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт, во меч од првото коло од групната фаза. Според распоредот, четири дена подоцна ќе играме и против Украина во Букурешт, а на 21 јуни ќе гостуваме во Амстердам против Холандија.
Според сите прогнози, Македонија е аутсајдер во групата, па не случајно во сите три меча кои треба да ги игра е во улога на аутсајдер. За победа на Австрија, коефициентот во Sport Life 1.56, додека триумф на Украина против Македонија вреди 1.65 коефициент. За третиот меч против Холандија, Македонија е речиси без шанси, барем според квотите. За победа на Лалињата коефициентот е 1.18.
Оние кои се најголеми песимисти за квалитетот на македонската репрезентација, играат три порази на Македонија. Ако се соберат коефициентите од трите меча од групната фаза, односно Македонија да заврши без ниту еден бод, коефициентот е 3.03. Тоа значи дека Македонија ќе изгуби од Австрија, Украина и Холандија.
За разлика од оние кои играат на најнеповолната варијанта за Македонија, има и такви кои типуваат за три победи на нашата репрезентација. Тој коефициент е огромен, затоа што победа на Македонија против Австрија е со коефициент 6.50, а триумф над Украина вреди 5.60. Македонија да ја победи Холандија се вреднува со коефициент 16,3, па за три победи на избраниците на Игор Ангеловски, вкупниот коефициент е дури 593,3, што значи дека само за 20 вложени денари, можната добивка е 11.866 денари.