Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, преку социјалните мрежи на своите сонародници им го честиташе пласманот во финалето на Светското првенство во кошарка.
„Финале! Импресивно! Честитки уште еднаш до вас момци. Напред Аргентина!“ – напиша Меси на Инстаграм и објави снимка од радоста на паркетот во Пекинг.
Ѕвездата на Барселона е љубител на кошарката, пријател е со Емануел Џинобили за кого има кажано: „Велат дека тој е Меси во кошарката, а треба да кажат дека јас сум Џинобили во фудбалот“.
Инаку, во финалето помеѓу Шпанија и Аргентина, од 24-те играчи, дури 21 некогаш или сега имаат играно во шпанската лига. Петмина претставници има Реал Мадрид, а интересно е што од реаловите финалисти повеќе се Аргентинци (Кампацо, Дек и Лапровитола) отколку Шпанци (Љуљ и Руди) во шпанскиот првак.