Хрватска игра со Украина на Евробаскетот, и најверојатно тоа е меч кој треба да одреди дали во осминафиналето ќе има дуел на Хрватите со Србија.
Србите играат со Полска и фаворити се за победа, а победникот од тој меч ќе го освои првото место во групата и во осминафиналето оди на четвртиот од групата во која моментно четвртопласирана е Хрватска.
Коцкестите со пораз од Украина, остануваат четврти и речиси сигурно им следува соседски дерби дуел со силната Србија. Но, победа над Украина, за Хрватска ќе значи избегнување на Србија и многу полесно осминафинале дуел против некој од Полска, Израел, Финска или Чешка.
Ако Хрватска ја победи Украина со 8 или повеќе поени разлика, и триумф на Италија над Велика Британија, тогаш Хрватска ќе биде втора во својата група. Гледано подолгорочно, за Хрватска подобро е да биде трета, отколку втора, бидејќи во евентуалното четвртфинале би играла со Шпанија или Литванија, а не со Словенија.