Што им требаше да победат: Орландо го разбуди ѕверот во Јанис, Бакси поведоа (видео)

Милвоки ја сврте серијата во своја корист и има 2-1 против Орландо по вечерашниот убедлив триумф од 121:107. Откако Магичните ја добија првата пресметка, го налутија Јанис Адетокумбо, по што сега трпат последици од неговата доминација.

Веќе на полувреме се знаеше дека кошаркарите на Милвоки ќе го добијат овој дуел откако реализираа 70 поени во две четвртини и со +27 влегоа во остатокот од средбата. Орландо само го ублажи поразот во последната делница, но не и целосно да ја анулира двоцифрената негатива.

Адетокумво во 21 минута реализира дабл дабл од 35 поени и 11 скока,  имаше само две промашувања од вкупно 14 обиди. Мидлтон придонесе со 17 поени, додека за промена наместо Вучевиќ, во составот на Орландо најефикасен беше Огустин со 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести