Што изјави Михаел Шумахер во 2008 година во врска со Луис Хамилтон? (Видео)

Луис Хамилтон урна неколку рекорди во Формула 1, меѓу кои и оној по бројот на победи (94), рекордер е според пол-позиции (97), подиуми (163), поени (засега има 3.728), а се изедначи со Михаел Шумахер по бројот на шампионски титули. Двајцата имаат по седум, а Хамилтон првата ја освои во 2008 година, годината во која Шумахер даде една изјава со која најави дека нема да биде изненаден ако еден ден Хамилтон освои и седум титули.

Двајцата дебитираа во Ф1 на 22 години, Шумахер најславните денови ги имаше во болидот на Ферари, Британецот доминира со Мерцедес, а пред 12 години Хамилтон беше талент за кој Шуми имаше пофални зборови.

„Мислам дека апсолутно е можно Хамилтон да освои седум титули. Никој не мислеше, ни јас самиот, дека ќе ги надминам петте титули на Фанџо. Рекордите постојат за да бидат урнати. Смирен сум, знам дека еден ден некој ќе ги урне моите рекорди. Дали Луис, Маса, Фетел, кој и да е, немам проблем со тоа“, изјави Шумахер.

Ова е изјавата на Шуми дадена пред 12 години во која го предвиде тоа што се случи годинава:

- Оглас -

Најнови вести