Реал Мадрид ја победи Барселона со 3-1 во најголемото дерби на светот, па до некаде и очекувано беше што двајцата тренери имаа различно расположение после натпреварот. Победникот Зинедин Зидан уживал во тимската победа, но рече дека ова се обични три бода и ништо повеќе, а на губитникот Куман, виновна му беше ВАР технологијата.
„Одигравме перфектен натпревар. Ова се три бода, ништо повеќе. Сега треба да одмориме и да ужуваме, но кратко, вторник брзо ќе дојде. После критиките, знаевме дека мора да одиграме смирено. Мислам дека не беа фер критиките кон мене и кон играчите. Среќен сум за играчите што победивме, тие покажаа карактер, се бореа заеднички. Ова е тимска победа, горд сум на тимот“ – изјави Зидан кој во тренерската кариера никогаш не загубил на „Камп Ноу“.
Холанѓанецот Куман ги критикуваше судијата и ВАР.
„Не заслуживме да загубиме, игравме добро, креиравме шанси. Некои одлуки на судијата не ги разбирам, а тие имаа влијание на резултатот. Му кажав дека за мене, тоа влечење не беше пенал, повеќе беше фаул од Рамос, отколку од Ленгле. До пеналот бевме добри, тој пенал беше клучен. Не разбирам како функционира ВАР во Шпанија, секогаш кога се гледа снимка, одлуката е против нас. Еве поминаа пет кола, никогаш не ни помогнал ВАР, иако за некои ситуации требаше“ – изјави Куман.