Што ќе каже на ова Гвардиола, се повреди важен играч на Манчестер сити

Кајл Вокер почувствува болка во ногата и во 20-тата минута беше заменет на пријателскиот меч помеѓу Англија и Бразил.

Десниот бек на Манчестер сити не делуваше дека има тешка повреда, но излезе од игра и допрва треба да се утврди тежината на повредата, па дотогаш ќе трае неизвесноста кај менаџерот Хосеп Гвардиола кој не би сакал да остане без Вокер во овој период од сезоната.

Гвардиола пред паузата во првенството, му рекол на Ерлинг Халанд дека „ќе го убие“ ако се повреди играјќи за репрезентацијата. Не се знае дали на сите репрезентативци на Сити им го кажал истото, сигурно не му е мило кога виде како Вокер го напушта теренот вечерва.

- Оглас -

Најнови вести