31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Што ќе му ја мисли, само што го премина центарот, го лобуваше голманот (Видео)

Теми Антоноглу постигна прекрасен гол од половина терен за втората екипа на Торонто против Колумбус, а прецизниот удар на стартот од првото продолжение беше за водство од 3:2, но и недоволно за конечна победа.

Играчите на Колумбус притиснаа да дадат гол и добија казна со ефектна контра на Торонто, што ја реализира младиот Ангоноглу со прекрасен гол од центарот на игралиштето.

Во тој момент на стартот од првото продолжение Торонто 2 поведе со 3:2, но на крајот загуби со 4:3 и Колумбус 2 ќе игра во финалето на МЛС Некст-про.

https://twitter.com/MichaelSingh94/status/1576712361381011457?s=20&t=Q6V6p2bCkG1o7fYPfBlKDQ

Интересно е што Антоноглу му го продолжи животот на својот тим и надежта за финале со гол во 93-тата минута од регуларниот дел за 2:2 и продолженија, а потоа го постигна и спектакуларниот погодок за 3:2 во четвртата минута од првото продолжение, но и тоа не беше доволно за конечен триумф.

Toronto FC II [3] – 2 Columbus Crew II [Themi Antonoglou] (Great goal) from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести