17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Што ќе прави Клоп откако ќе си замине од Ливерпул? Неговиот агент ги открива плановите

На крајот од тековната сезона, Јирген Клоп ќе ја напушти клупата на Ливерпул и најави дека ќе направи пауза една сезона. Се појавија голем број шпекулации дека има понуди од екипи како Барселона и Баерн Минхен, но и од репрезентацијата на Германија.

Сепак, неговиот агент ги отфрла овие пишувања и вели дека Клоп ќе се посвети на приватниот живот. Планот му е да изгради куќа на Мајорка, неговото омилено место за одмор, но и семејна куќа во Висбаден, место крај Франкфурт.

Германецот на клупата на Ливерпул мина осум сезони, во кои освои сè што можеше да се освои, а во моментов Црвените се лидери во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести