Што ќе правиме кога „фараонот“ Кире ќе го напушти тронот?

Ракометната репрезентација на Македонија во нападот премногу се потпира на индивидуалниот квалитет на Кирил Лазаров, не е спорно дека тој речиси две децении е лидер на тимот, но се чини дека останатите како да преземаат премал дел од товарот.

Лазаров против Шведска упати 10 шута и даде 5 гола, а ниту еден друг наш ракометар не шутна повеќе од трипати. Од контранапади, Македонија не даде ниту еден гол, а Швеѓаните имаа дури 10 такви реализиции.

Не дека селекторот на останатите им забранува да шутираат и поактивно да учествуваат во играта, во нешто друго е проблемот. Лазаров и над 40 години е наш најдобар ракометар, неговата кариера е при крај и со право се поставува прашањето што после него?

Имаме ли ракометар кој може да биде лидер на националниот тим кога Лазаров ќе се повлече?

- Оглас -

Најнови вести