32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Што ќе решат Англичаните во понеделник? Ќе жртвуваат едно коло за да го спасат спектаклот на Боксинг деј

Сопствениците на англиските клубови, односно нивните претставници во понеделник ќе имаат клучен состанок за да се одлучи дали ќе се игра по воспоставениот возен ред пред Нова година, или ќе има пауза, односно ќе се прескокне едно коло, тоа што е предвидено за 28. 29. и 30. јануари.

Една од причините, веројатно и најголема е пандемијата со Ковид-19, па можно е 20-то коло да се пролонгира.

Тоа би значело дека нема да се игра со пауза од само еден ден, бидејќи Божикното 19-то коло од Премиерлигата стандардно е закажано на Боксинг деј, на 26. декември, со само еден меч, тој меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед предвиден за следниот ден.

Премиерлигата моментно има многу проблеми со заразени фудбалери по клубовите и веќе се одложуваат дел од натпреварите.

Колото што следи, а е 18-то по ред и треба да почне утре веќе е речиси преполовено и одложени се натпреварите меѓу Манчестер јунајтед и Брајтон, Саутемптон и Брентфорд, Ватфорд и Кристал Палас, Вест Хем и Норич и Евертон против Лестер.

Откако ќе се одиграат неколку дуели од ова коло, следи пауза од една недела и потоа треба да почне пеколниот ритам што е стандарден во последно време со коло на Боксинг деј, односно на 26. декември, па потоа предновогодишна рунда на 28., 29. и 30. јануари и новогодишното коло што ќе се игра на 1., 2. и 3. јануари.

На таквио распоред се повеќе се жалат играчите и менаџерите на клубовите, па сега со проблем плус поради Ковид-19 се најавува пролонгирање на 20. коло, кое би се играло во други термини во 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести