Што ли гледаа судиите? Стартот беше за во затвор а играчот на Вулверхемптон доби само жолт картон (ВИДЕО)

Премиер лигата важи за најквалитетното фудбалско натпреварување во светот, но, судиите кои се назначени, се меѓу најлошите.

Речиси секое коло се носи по некоја скандалозна одлука, а котата за ова ја пополни Роберт Џонс на средбата меѓу Лидс и Вулверхемптон.

Домашниот тим има за што да се жали на судењето бидејќи во 53. минута, Роман Саис направи старт за во затвор и го повреди Рафиња, а главниот делител на правдата одлучи да му додели само жолт картон.

Средбата на крајот заврши 1:1, а од Лидс се надеваат дека бразилскиот фудбалер нема да биде долго надвор од терените.

Погледнете го стартот и проценете дали е за црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести