Што ли сакаше да направи голманот? Израелците буквално сами се елиминираа (Видео)

ПАОК славеше убедливо со 4:1 на гости кај Беитар во Ерусалим и продолжи во следното квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Првиот меч во Солун заврши без голови, а на денешниот имаше многу возбудувања.

ПАОК стигна до водство од 1:0 по една неверојатна грешка на домашната одбрана. Дефанзивецот се обиде да врати една топка кон голманот, а овој очајно реагираше и топката заврши во мрежата.

Беитар пред крајот на првиот дел промаши пенал, а ПАОК остана со играч помалку по црвениот картон на Агусто. Во судиското надополнување од првиот дел ПАОК поведе со 2:0, а потоа гол даде и Беитар за 1:2.

Во судиското продолжување од второто полувреме следуваа нови два гола во мрежата на домаќините. Најпрво Беитар си постигна и втор автогол, а потоа следуваше уште еден погодок во мрежата на домаќините за конечни 1:4 и радост на гостите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести