Што ли спаси Сомер, цел Баерн е во бунило (видео)

Баерн Минхен има уште 45 минути прилика да го совлада Менхенгладбах и да ја преземе лидерската позиција на табелата во Бундеслигата. Баварците беа блиску до водечки погодок по половина час игра, но херојската одбрана на Јан Сомер ги спречи фудбалерите во црвени дресови да се радуваат.

Кимих испрати одличен удар од далечина, што за Сомер беше тешко да ја скроти топката која помина преку него, но сепак швајцарскиот голман не се предаде и успеа да ја фати топката на само неколку милиметри пред да ја помине линијата од голот.

Технологијата покажа дека топката не ја помина целата линија, па резултатот остана непроменет.

Фантастичната одбрана на Сомер можете да ја видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести