По 23 години поминати во Европа, Лионел Меси реши да го напушти Стариот Континент и се одлучи да замине во Америка. Мајами и тимот на Интер се новиот предизвик за Аргентинецот.
Големо изненадување за многумина беше фактот дека Меси одбра да игра за Интер Мајами, тим кој е најслаб на Истокот во МЛС, а и нема соодветен стадион за да има супер ѕвезда како Меси во составот.
Тоа што Меси дојде во Интер Мајами, е големо изненадување, но и не би било толку чудно посебно ако се знае што точно најави Лео. Во јануари 2018 година, Меси и Бекам имале интересен разговор на социјалните мрежи, а во еден момент Бекам го прашува Меси дали би заиграл за Интер Мајами.
„Кој знае, можеби за неколку години ќе ме повикаш во твојот тим“, вели Меси во 2018 година, а тоа сега се исполни.
https://twitter.com/i/status/1666543073931800580