Што му требаше? Азар сам се шишал и се пофалил на неговиот фризер (фото)

Во период на самоизолација мора сам да се грижиш за изгледот. Фризерите не работат, односно фудбалските ѕвезди не може да ги повикаат личните фризери да ги средат во домашни услови, па Еден Азар решил сам да ја проба машинката.

Ѕвездата на Реал Мадрид изгледа непрепознатливо по експериментот, а откако завршил со шишање, му се јавил на неговиот фризер Ахмед Алсаванија да му се пофали за новата фризура. Ахмед веднаш направил фотографија и таа ја сподели на „Инстаграм“.

Инаку, Азар моментално закрепнува од тешка повреда на глуждот поради која беше на операција во Далас на почетокот од овој месец. Со оглед на тоа дека сезоната во Ла Лига засега е прекината, во случај да продолжи Белгиецот веројатно ќе се врати во натпреварувачки погон и ќе може да им помогне на Кралевите во трката за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести