15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Што најчесто играат прогнозерите? Мурињо ќе изгуби, Интер ќе слави, Јунајтед нема шанси кај Челзи

Играчите на Спортска прогноза во десеттото коло имаат неколку мечеви кои им се „сигурици“, односно дуели на кои фаворитот е со над 70 отсто шанси да победи. Реал Сосиедад треба да слави над Валјадолид на гости, а „двојка“ треба да биде и дуелот меѓу Фиорентина и Интер. Над 77 отсто очекуваат Нераѕурите да победат кај Виолетовите.

Домашниот терен треба да го искористат Клермон против Брест, Болоња во дуелот против Лече и Евертон против Кристал палас. Во дерби-дуелите, Челзи е фаворит на „Стемфорд бриџ“ против Манчестер јунајтед, а во Серија А, Рома иако е домаќин на Наполи, помалку од 20 отсто игра на триумф на Римската волчица.

Како и во секое коло така и сега, главен приоритет на прогнозерите е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фикса. За перфектна прогноза, прогнозерите може да си одберат еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а со погодени 11 натпревари се добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести