Ливерпул на „Енфилд Роуд“ игра против Евертон, во градското дерби кое овојпат ќе има посебен шмек. По четири одиграни кола во Премиер лигата, Евертон е лидер со максимални 12 бодови, додека Ливерпул во дербито влегува по болниот пораз од Астон вила.
Иако поминаа речиси две недели од шокантниот неуспех на Ливерпул на гости кај Астон вила, тренер на англискиот првак Јирген Клоп, се пристува на тие нетолку убави моменти.
„Вечерта по поразот од Астон вила не беше најдобра за мене. Сепак, утрото кога се разбудив, знаев дека морам да поразговарам со играчите. Иако тие не беа тука, решив да им испратам порака во која ги сумирав моите мисли и чувства по еден таков пораз. Јасно е дека никогаш не сакаш да загубиш, посебно не со таков резултат од 7:2. Сепак, мораме да покажеме дека и еден таков пораз може да биде корисен. Имаме шанса да се корегираме против Евертон. Тоа е противник кој е во налет, а ние сме разнишани“, вели Клоп.
Ливерпул последен пат загуби од градскиот ривал пред точно 10 години, а Карамелите очекуваат дека сега имаа идеална шанса да ја прекинат оваа лоша традиција.