Што нема да измислат: Диско фудбал се промовира како нов спорт (Видео)

Фудбалот е планетарно најпопуларниот спорт што го играат милиони млади и стари низ целиот свет. Во последно време често се зборува за промена на некои правила во фудбалот кои би допринеле за уште поголема возбуда во играта. Засега нема драстични промени во фудбалот, но затоа започна да се игра нова дисциплина, која го носи името Диско фудбал.

Се работи за хибрид на диско танцување и фудбал, а премиерниот турнир летово се одржа во Монпелје, Франција. Во овој нов начин на фудбал има и некои чудни правила.

На теренот не е дозволено да се трча, но не смее ниту да се стои, што значи дека постојано треба да се танцува. Судиите не го бодуваат само постигнувањето на погодокот, туку го оценуваат и уметничкиот впечаток кој се остава на теренот.

“Disco Football”
byu/TweakUnwanted intheocho

- Оглас -

Најнови вести