Што подоцна, тоа послатко – Историски подвиг на Лукас Моура

Лукас Моура постигна историски погодок за Тотенхем во 96-тата минута, сметајќи го и судиското продолжение и тоа е најдоцна постигнат гол во регуларен дел од меч во Лигата на шампионите.

Секако, тука во конкуренција не влегуваат дуелите на кои се играле продолженија, познатите двапати по 15 минути.

Бразилецот во редовите на Тотенхем блесна во второто полувреме вечерва на арената „Јохан Кројф“. Постигна три гола од 55-тата минута и со неговите погодоци клубот од Лондон направи пресврт од 0-2 до 3-2 против Ајакс и се пласира во големото финале во ЛШ.

Во Мадрид на 1 јуни, на прекрасниот стадион „Ванда Метрополитано“, Тотенхем за првпат ќе игра за европската круна против петкратниот шампион на Стариот Континент, Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести