Што се случи со Клоп: Тргна кон судијата и се повреди?! (Видео)

Екипата на Ливерпул во драматична завршница успеа да го совлада Тотенхем, откако “црвените“ имаа предност од 3-0 после само 15-тина минути игра, а гостите стигнаа до израмнување на 3-3 во вториот дел. Жота во 94-тата минута стрелаше за 4-3 и победа на Ливерпул.

Јирген Клоп тргна да го прослави погодокот и се упати кон четвртиот судија, но во тој момент се фати за ногата и веројатно се повреди.

– “Не сум сигурен дали се работи за тетивата или адукторот. Беше болно. Немаше никаква потреба да реагирам така.“ – изјави Клоп после натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести