Што се случува: Леви со симна Кејн од авион, сака да го промени договорот со Баерн во последен момент

Иако сите медиуми објавија дека сагата е завршена, двата тима уште вчера се договорија, а Кејн денеска треба да ги помине лекарските прегледи, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, во последен момент го симна фудбалерот од авион.

Скај спортс објави дека Кејн е запрен на пат кон аеродром и му било речено да не оди во Минхен, по што тој се вратил во својот дом.

Англиските медиуми шпекулираат дека Леви сака во последен момент да промени некои детали од договорот со Баерн и на овој начин сака да изврши притисок и да успее во својата намера.

- Оглас -

Најнови вести