Втора етапа по ред, на Тур Д’Франс се случува тежок инцидент поради судар во кои учествуваат многу велосипедисти. За време на 14-тата етапа, повеќе од 30 велосипедисти беа повредени, а двајца завршија во болница по хаосот што се случи за време на трката.
Вчера се возеше 15-тата етапа, а повторно имаше сличен инцидент на најголемиот велосипедски настан во светот. Првата група на возачи поминуваше покрај публиката, кога во еден момент, несовесен гледач сакајќи да поздрави или да допре некој од велосипедистите, будвално го турна возачот, а потоа се случи хаос.
Повеќе десетина велосипедисти паднаа, а неколкумина се здобија со сериозни повреди.
https://twitter.com/i/status/1680560508980670466