Што се случува со Ѓоковиќ? Србинот го откажа последниот тренинг пред дуелот со Зверев

Новак Ѓоковиќ на мечот против Алкарас (3-1) покажа дека сè уште има сили да се натпреварува против помладите колеги, но и да ги победува. Сепак, Србинот во текот на мечот земаше лекарства за болки, а по натпреварот рече дека болките повторно се појавиле и најави дека нема да тренира ден после мечот.

Помеѓу натпреварите со Алкарас и Зверев во полуфиналето, Ѓоковиќ има два дена пауза и иако најави дека нема да тренира првиот ден, загриженост кај неговите навивачи внесе непојавувањето на денешниот тренинг. Обожавателите на Србинот во голем број го чекаа на теренот број 16, но од Ѓоковиќ немаше ни трага ни глас. Навивачите го бараа и на главниот терен, но и на специјалните терени за тренинг.

Тоа внесе голема загриженост, па можеби повредата на Србинот во пресрет на полуфиналето против Александер Зверев е и посериозна од тоа што сите очекуваа.

- Оглас -

Најнови вести