Најстарото клупско фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, ќе добие нов првак, откако Ливерпул денеска беше елиминиран. Тимот на Јирген Клоп загуби со 2:1 на гостувањето кај Брајтон и во четвртото коло го заврши ова натпреварување.
Погодокот за победа, Брајтон го постигна до 92 минута, што беше втор нивни триумоф над Ливерпул во само 15-тина дена. Ливерпул е елиминиран и од Лига Купот, во Премиер лигата игра очајно, па до крајот на сезоната им останува само да се борат за титулата во Лигата на шампиони.
За тоа колку е слаба оваа сезона за Ливерпул, покажува и статистиката. Во 31 натпревар тимот на Јирген Клоп сезонава претрпе дури девет порази, што е повеќе од двојно во однос на цела ланска сезона, кога Ливерпул одигра вкупно 63 дуели, а загуби само четири пати.
9 – Liverpool have lost nine games in all competitions this season (from 31 matches), more than twice as many defeats as in the whole of last season (4 from 63 matches). Dejected. pic.twitter.com/jhLg9vY3LZ
— OptaJoe (@OptaJoe) January 29, 2023