Што се случува со Меси? Аргентинецот вторпат по ред не беше во составот на Интер Мајами (Видео)

Победничката низа на Интер Мајами во Шампионскиот куп на Северна Америка продолжи на домашен терен против Кавалирс од Јамајка во осминафиналето. Интер Мајами славеше со 2-0 со головите на Аленде и Луис Суарес, но и на втор меч по ред во составот воопшто не беше Лионел Меси.

Навивачите со право се загрижени, а од клубот објаснија дека Аргентинецот не е во составот за да го заштитат од напорната сезона и големиот напор што го има на мускулатурата.

- Оглас -

Најнови вести