Фоларин Болагун е еден од најдобрите млади играчи на Арсенал, но 18-годишниот талент од Академијата на Топчиите веројатно ќе си замине ова лето без одигран меч во Премиер лигата.
Напаѓачот што според стилот на игра потсетува на капитенот Пјер-Емерик Обамејанг не сака да го продолжи договорот со Топчиите, кои веќе одбија понуда од 5 милиони фунти за него од второлигашот Брентфорд.
Болагун сака да игра, а во Арсенал не доби шанса, па сега е поблиску до заминување отколку до продолжување на престојот во Лондон, кај Топчиите. Младиот 18-годишен Американец постигна 10 гола на 15 меча во лигата за резерви во Англија.
Веројатно ќе си оди и Обамејанг, па Арсенал ќе остане и без двајцата, што е голем удар за тимот. Болагун ако си замине, ќе биде сличен случај како и Гнабри и Бенасер, кои не добиваа доволно простор да играат за Арсенал, а потоа блескаа во Баерн и во Милан.